Македонскиот пејач Виктор Апостоловски вчера се ожени со својата долгогодишна девојка Милена Доневска. Свадбата е во Битола, од каде што потекнуваат и двајцата.
На социјалните мрежи неговите блиски, а и тој самиот споделува дел од атмосферата од веселбата, каде може да се види дека тој прави свадба со сите адети.
Виктор, со букет црвени рози тргна по невестата со многу роднини и пријатели, во црвен олдтајмер.
На едно од видеата тој истура со нога чаша со вода, а мајка му фрла бели невестински бонбони, како што е редот кога се испраќа младоженец кој оди по невестата.
Инаку, Виктор носи елегантен црн костим, со сатенски детали и шешир кој дава специфична нота на целиот негов аутфит.
Додека невестата е како излезена од бајка и изгледа како принцеза.