Британката Кејтлен Чешир (23) починала три месеци по венчавката од соништата во Шропшир, каде му кажа „да“ на својот избраник Били Грин (29).
Несреќната жена боледувала од лимфоретикулом кој ѝ се вратил по трет пат. Откако дознала дека не ѝ останува уште многу време, решила да организира свадба која сите ќе ја паметат.
Само неколку дена откако ја слушнала лошата вест од докторот, во ноември 2023 година, Кејтилин го нашла совршеното место за брак, јавува Би-Би-Си.
Она што не го очекувала е дека ќе ја добие салата бесплатно. Истовремено, организаторите контактирале со 33 добавувачи кои ги обезбедиле венчаницата, тортата, осветлувањето, машината за чад, фотографот и кетерингот – без надомест.
Сѐ поминало како што таа отсекогаш сакала, а тоа го докажуваат и фотографиите на кои може да се види дека не ја симнала насмевката од лицето.
Во објава на Фејсбук таа конкретно му се обратила на својот сакан: „Од најдобар пријател до дечко, од вереник до сопруг. Мојот вистински и засекогаш број еден“.
Кателен им се заблагодари на сите за напорите да ја направат нејзината свадба убава.
„Сите се трудеа да ја направат прекрасна и не можеме доволно да им се заблагодариме“, изјави таа за локалните медиуми.
Организаторите одговорија со емотивна порака: „Создадовме нешто што ги оствари сите наши соништа и ќе остане со нас засекогаш. Од денес станува трајно сеќавање“.
На почетокот на минатата година, Кејтилин зборувала за време на собирањето средства за лекувањето и открила дека лекарите не можат ништо повеќе да направат.
Таа рече дека сакала да собере пари за клиничко испитување за да може подолго да биде со својот тригодишен син, но болеста била посилна.
Таа починала во саботата на 20 јануари.