Свадба која што ќе ја паметат сите, не само невестата и младоженецот. Младоженци од Вергата, заедница во Болоња, организирала свадба и поканила само 31 гостин, а сега сите тие се во карантин затоа што невестата била позитивна на вирусот Ковид-19, пренесува 24sata.hr.
– За време на церемонијата, сите бевме на безбедно растојание. Таму бев јас, други вработени, младоженците, сведоци и родителите кои седеа далеку позади“ – рече Стефано Поци, шеф на матичната служба.
После тоа прославата продолжи во приватна сала, не претпоставувајќи дека има некој позитивен на коронавирус и дека ќе завршат во карантин.
Сепак невестата е од Венето и работи како здравствен работник. Немала симптоми, па не мислела дека сето ова ќе се случи. Неколку дена по свадбата, таа морала да оди на редовно тестирање, како и сите лекари а тестот бил позитивен.
Веднаш контактирале со гостите од свадбата, дваесетина од нив кои дошле од Тревизо, им кажале што се случило и ги ставиле во карантин. Единаесет други пријатели и роднини од Болоња се под надзор.