Во војни услови, двајца украински војници се венчаа вчера на контролен пункт во Киев.
На свадбата на Лесија Ивашченко и Валери Филимонов среде украинско-руската војна присуствуваа и други припадници на украинската армија, свештеникот што ги венчал, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и некои медиуми.
Денеска е 11-тиот ден од војната во Украина. Евакуацијата во Мариупол не успеа бидејќи, како што тврди Украина, руските војници не го почитувале примирјето.