Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил напиша:
“Оние кои беа со Груевски, а сега му прават длабоко грло на Заев, нека ја забришат брадата, нека направат гаргара, да се спакуваат и на баци рака кај Мицко, на покајание грешних кај непокаените грешници. Да се вратат домче, иако излетот во Сдсм добро им дојде. По 12 април тие најбрутално ќе се свртат против Заев. Тогаш Заев ќе сфати дека наместо да паѓа на православни совети за вртење на другиот образ, требаше уште пред три години најсурово да расчисти со нив. Тие полтрони требаа да му бидат приоритет на чело со Саше, Оркица, Грујица, Крсто, а не промена на името и договорот со ѓоа пријателска Бугарија. За ова сум пишувал барем во десет колумни минативе пет години. Ама што може да знае еден глумец, нели? Е, сега е доцна.
Тие Рашко, Кирац, Мирац исто нека го спремаат куферчето ама за кај Боки Тредичи. Тие ќе бидат новите Миле Ми Текна, ко ќе дојде Мицко на власт. Ќе ги влечкаат по притвори и судови…
Некои актуелни министри ќе избегаат, поточно ќе бидат евакуирани од странските тајни служби за кои работат со години…
А на останатите, ќе ви се даде можност да ја смените крвта. Планирано е во секоја општина да се отворат пунктови за промена на крв збогатена со вмровски крвни зрнца. Нели, за да ви се олесни трансферот од СДСМ во ВМРО.
Ете таква иднина стои пред вас.
Или пак, во понеделник во братска посета ми доаѓа катарскиот принц Махмуд Хасан Втори, кој ми рече: Брату, доаѓам да го разгледам ПЛАЦОТ што го огласи за продажба. Ако си дадеме рака, нема да бидете веќе Северна Македонија, туку Македонска Џамахирија Отсек Православна, со бетониран идентитет, “ напиша Тасевски.