Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил напиша:
“Не само Франција и браќата Амери не сакаат да влеземе во ЕУ. Само они тоа го прават суптилно. Еве зошто и еве како. Од вчера американски медиуми објавуваат дека Макрон ќе омекнел само ако добиел нешто за возврат. Сега, ставете се во чевлите на Макрон. И да имал желба да омекне, ќе си рече: Ако попуштам, сите ќе мислат сум се пазарел за една дреболија како Северна, а тоа не ми доликува ниту мене, ниту на Франција. Е дури сега, не омекнувам. Ќе си останам тврд.
Така работеле САД отсекогаш. Медиумите во служба на своите интереси. Кој е нивниот мотив?
Бегалски кампови. Затоа и папата беше овде. МАКЕДОНИЈА треба да биде линијата на раздвојување, Бегалци само до Блаце. Пендаровски како човек на НАТО тоа и го најави во една пригода. Е сега, нашиот влез во ЕУ би им затворил многу можности. Би затворил многу рути на дрога и опасни материи по здравјето на живата сила и природата. И не само тоа.
Македонија мора да остане зоолошка градина во која ќе се експериментира и ќе се прикриваат многу нешта. И мора да остане слаба, монета за раскусурување на Балканот, во ситуации за не дај боже.
Макрон во оваа приказна се пријавил само да биде видливото лице на тоа одбивање. Седете вие мирни, јас ќе им кажам на севернине да одат во мајчината. Тој секако за тоа ќе добие нешто, ама не за она ако омекне кон нас. Тоа никогаш не било и нема да дојде на масата за преговарање, “ напиша Сашо Тасевски.