Актерот Сашо Тасевски на Фејсбук го коментираше дивеењето на навивачката група „шверцери“ во Македонски народен театар.
„Имале право да слават и притоа да дивеат низ театарот. Тоа го изјавува министерот Албанец. Албанци сме, ни се може, така? Ние, па, белите мечки. Заштитени со закон. Ти министре мора одма да си дадеш оставка. Наоѓаш оправдување за хулиганите, наместо жестоко да ги осудиш. Ова никаде го нема. Министер еееееј. Сами живеете во државава? До кога ќе се толерира ова? До кога двојни аршини? Едни за Албанците, други за останатите? Кого имате намера како власт да повикате на одговорност? Кој дозволи навивачка група позната по националшовинистички испади да слави во Македонскиот народен театар? Прашања на кои нема да има одговор. Ниту некој ќе одговара. Ајде мапите на маса и ножиците. Натаму оди“ – напиша Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил,