Актерот Сашо Тасевски преку својот Фејсбук профил остро реагираше по најавеното бришење на „неподобните зборови“ од дигиталната форма на Толковниот речник.
“Да ги прашам навредениве. Ја имам книгата Белото Циганче од Видое Подгорец, стара е 40 години. Каде ќе правите клада да ја фрлам во огнот поради она “Циганче” во насловот. Има и серија Белото Циганче. Треба и неа да ја запалиме. Колегата Рубенс Муратовски кој го глуми Белото Циганче во серијата, треба да клекне пред вас, да ве моли за прошка што го глуми Белото Циганче, а не Белото ромче?
И во книгата Богородичната црква во Париз, Есмералда е циганка, така пишува на пеесетина места во романот. На француски во оригиналот , во англиски превод, на македонски, на српски. И неа треба да ја запалиме. Сите примероци што постојат на светов. Секој носач на звук од Хендрикс кај што е снимена Gipsy eyes, треба и тие да горат? Сите топтан.
Сите албуми на Gipsy Kings, и тие да горат?
Ова е резил до каде се оди со глупавата политичка коректност. Фашизам во јазикот и говорот воведувате. Утре ќе треба да пазиме како дишеме, длабоко или плитко, пошо ќе се јави некоја група која ќе биде навредена од длабоки воздишки.
Тибам државата глупа што клечи пред сите. Срамота. Ај од утре почнете линчови да правите на секој што употребил, во книга, во песна во филм “циганче”
Ви е гајле. Колете по улици ич око да не ви трепне, пошо сте навредени за нешто што некој го отпеал или напишал пред 50 или 100 години. Место да се фатите да ја решите сиромаштијата меѓу вашите, се занимавате со инвизиторски методи. Пу јазк!“, напипа Тасевски.