Сашо Мијалков и “алфите” ослободени за “тортурата” врз Бошкоски

by Тони Зографски

Во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Тортура“, кој се однесува на нечовечкото аспење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Судењето за „Тортура“ почна во март 2018 година, а веќе еднаш почна одново, во октомври 2019 година, поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште. Судот се осврна на самиот случај и постапувањето при апсењето на Бошковски.

Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Мијалков и шестмината алфи добија ослободителна пресуда.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com