Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата вредна 11.106.501 евра (во движен и недвижен имот), па поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалов, излегува од притвор, јави „360 степени“.
Била прифатена жалбата на Мијалков и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелацискиот суд сега му одредил на Мијалков мерка на претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска за јавување на суд.
Сашо Мијалков ќе го напушти притворот кога ќе завршат административните процедури поврзани со понудениот имот како гаранција.
Мијалков издржува мерка притвор во предметот “Трезор“ каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.