Сашо Мијалков во судницата се виде со сопругата Александра и поголемиот син Јордан

by Тони Зографски

На обвинетиот Сашо Мијалков, кој денеска од притвор беше спроведен на завршните зборови за незаконската набавка на британска опрема за прислушување, за време на 15-минутната пауза во судница му беше дозволено на кратко да се види со сопругата Александра Мијалкова и со поголемиот син Јордан .

Инаку, завршните зборови на одбраната се закажани за 29 март. Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

(Фото: СДК)

останати вести