Mинистерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката за кардиохиругија денеска во 10 часот пристигнала пријава дека поранешниот директор на кардиохирургија, доктор Сашко Јовев вербално нападнал медицинска сестра и физички го нападнал актуелниот директор Марјан Шокаровски.
Во соопштението, уште се наведува дека и тој самиот отишол во полициска станица и го пријавил случајот. Меѓутоа, од друга страна „Фокус“ го контактираше доктор Јовев за да ни каже до каков иницидент дошло денеска на скопска Кардиохирургија.
„Не е точно дека јас сум нападнал. Нападаот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален напад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас.
Се друго може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, истакна карддиохирургот Јовев за „Фокус“,
Со реакција излегоа и од министерството за здравство,
„Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.
Пред неколку месеци, актуелниот министер Фатмир Меџити го разреши доктор Јовев од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија, а на него место дојде доктор Марјан Шокаровски.