Актерот Сашко Коцев на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти. Најновата негова фотографија на Фејсбук ги разнежи неговите пријатели. Имено, Сашко на својот Фејсбук профил објави фотографија со ќеркичката Јоана. Под неа веднаш се нижеа позитивни коментари за таткото и ќерката.
Инаку, Сашко и неговата сопруга Смиљана во ноември 2017 година станаа родителите за првпат на нивната ќерка Јоана. Тој оттогаш ужива во семејната идила, а досега неколку пати изјави дека татковството го променило. Откако стана родител, зачестија и неговите духовити статуси на социјалните мрежи за родителството со кои редовно ги засмејува следбениците.