– Дури сега сфаќам колку и било тешко на мојата фамилија и мене во изнминативе пет години. Ми навираат сеќавањата и само сакам да се скријам од јавноста – изјави за белградски „Блиц“ Сашко Богески.
Богески, еден ден откако дозна дека Апелацискиот суд ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди пресудата на Вишиот суд со која е ослободен од вината дека во мај 2013 година во својот стан во Жарково, во самоодбрана, со нож го усмртил провалникот Владимир Маниќ, само кусо наведе дека после се веќе не размислува за себе.
– Размислувам само за мојата ќерка, за тоа што преживеаја таа и мојата сопруга. Сега се среќни дека сето ова заврши. Сакам само ќерка ми да живее како нејзините врсници, да оди на школо, а не другарите да и раскажуваат што прочитале за татко и – изјави Богески.
Од мај 2013 година, кога провалникот Владимир Маниќ упадна во нивниот стан и го примора Сашко да се брани себе си и своите најмили, семејството преживуваше стравотии кои не можеа ниту да ги замислат. По пуштањето од притвор на Богески, каде што беше еден месец, се соочија со малтретирање. Им беа издупчени гумите на автомобилот, во поштенското сандаче им беше ставана земја, а вратата им беше мачкана со измет. Кој стоеше зад тоа, не се дозна, но смејството Богески се отсели од Жарково, за колку-толку да најдат мир и да го продолжат животот.