Над 100 пријави за реакции по документарецот „Нечиста крв“ во врска со третманот на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ стигнале на адресата на ИРЛ, здружението кое го сними филмот и го направи целото истражување. Ова за ТВ21 го потврди новинарката Сашка Цветковска кој е дел од тимот.
Пријавите биле од граѓани од Македонија и од Косово, а споделил речиси идентични искуства.
– Иако најголем дел од пријавите се однесуваат на оваа клиника, морам да напоменам дека стигаат пријави и за други приватни, како и државни клиники – посочи Цветковска во емисијата „10 минути“.
Таа вели дека истражувањето започнало пред повеќе од 22 месеци, односно пред пандемијата, со пријави за малверзации за Фондот за граѓани кои користеле државно спонзорирани операции во клиниката „Жан Митрев“. Фондот за здравство и Министерството за здравство биле во „страшен молк“. Откако почнала пандемијата, почнувале да стигнуваат пријавите.
– Нашите пораки беа препраќани кон Жан Митрев, тој однапред знаеше што ние работиме – изјави Цветковска велејќи дека ИРЛ се соочувал со нечесни пракси од страна на институциите.