Градоначалникот Саша Богдановиќ од СДСМ, на Фејсбук го честиташе доделувањето на Нобеловата награда на писателот Петер Хандке. Сепак на градоначалникот на Центар, во коментарите на објавата директно кажа што мисли за бојкотот на церемонијата од страна на Македонија.
На прашањето зошто Македонија ја бојкотирала церемонијата, Богдановиќ одговори: „Зашто Димитров е идиот“.
Инаку, Македонија изрази солидарност со Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Турција и Хрватска кои ја бојкотираа церемонијата за врачување на Нобеловата награда во Шведска, поради ставовите на Хандке во минатото кој јавно го бранеше Слободан Милошевиќ и неговите воени делувања на Балканот.
Благодарност до Димитров јавно упати косовскиот колега, Беџет Пацоли.