Сара од Белгија е родена без раце, но тоа не ја спречува да живее живот како и секоја друга личност.
Сара готви, чисти, ја мие косата и сама се тушира, ги лакира ноктите, вежба …
„Можам со нозете да правам се што прават другите со своите раце“, вели 38-годишната Сара Талби.
“Како дете, не се чувствував поинаква од моите врсници. Се` што другите научија да прават со своите раце, како да се облекуваат или да се хранат, научив да го правам со нозете”, вели таа.
Сара е и мајка на двегодишната Лили и истакнува дека се грижи за својата ќерка како и секоја мајка.
“Ја чешлам, и` ја мијам косата и готвам. Лила не ме гледа поинаку од другите”, објаснува таа, додавајќи дека мајчинството понекогаш може да биде тешко, особено со нејзиниот недостаток, но тоа не ја спречува да биде најдобрата мајка на својата ќерка.
„Се` е можно кога сакате, а јас отсекогаш имав желба за нормален живот “, рекла Сара.