Сара Талби од Белгија од денот кога се родила мора да научи да ги користи нозете и стапалата наместо рацете – но овој хендикеп не ја спречило да прави се она што го прават и другите.
Имено, Сара е родена без горните екстремитети, но таа е вистински пример за упорност и истрајност.
Таа на Инстаграм, Јутуб и ТикТок ги споделува секојдневните радости и фрустрации со кои се соочува. Сара е исто така мајка на ќеркичката Лили и е доказ дека со љубов и флексибилност може да има секојдневние како и сите останати.
Сара од мала се бори со оваа ретка состојба и во неколку наврати признала дека поминала низ тешки моменти кога станала мајка.
Сара отсекогаш знаела дека мора да научи да живее со својот хендикеп и да го прифати тоа, но кога на свет дошла нејзината ќеркичка и било премногу тешко.
-Беше премногу тешко да побарам помош. Не ми пречи што имам хендикеп но ми пречи што тој хендикеп создава бариера помеѓу мене и мојата ќерка, изјавила таа.
По првите неколку месеци фрустрација, Сара решила да ужива 100% во мајчинството и моментите кои ги дели со својата ќерка.
На фотографиите на социјалните мрежи можеме да ја видиме Сара како ја дои својата ќерка, како ја храни со лажица, како си игра и шета со неа – на кратк го живее животот на мајка во полна пареа.
Имено, Сара со своите секојдневни објави сака да им покаже на своите следбеници дека е ништо не е невозможно – па затоа таа ги објавува своите активности, како готви ручек, како ја чисти куќата, како си игра со ќеркичката и слично.
-Навистина ми е драго што не ми е потребна помош за да ја чувам ќерка ми. Успевам да ја нахранам, облечам и да ја изнесам на прошетка, изјавила таа.
Состојбата на Сара не е генетско нарушување и таа вели дека се уште не постои објаснување за нејзиниот хендикеп.
-Знам дека во текот на 50тите и 60тите години од минатиот век некои бебиња се родиле без раце како последица од лекот наречен талидомид. Околу 12 илјади бебиња се родени со вродена мана и тоа бидејќи мајките го конзумирале овој лек кој бил рекламиран како безбеден за време на бременоста, вели Сара.
Сара не може да носи протези бидејќи не постои начин како да ги закачи, но тоа воопшто не и смета бидејќи таа може да прави се со своите нозе. Сара својата состојба ја гледа како сила, а она што е сигурно е дека таа е инспирација на многумина.