Сандра Булок беше за првпат фотографирана во јавност по смртта на нејзиниот партнер Брајан Рендал.
59-годишната актерка со 11-годишната ќерка Лајла беа на прошетка во Лос Анџелес, кога беа затекнати од фоторепортерите.
Сандра го изгуби саканиот во август оваа година. Тој тајно боледуваше од АЛС (Амиотрофична латерална склероза), а почина на 57-годишна возраст.
Сандра и Брајан се запознаа во јануари 2015 година, а по неколку месеци ја открија нивната врска пред јавноста.
Булок има две посвоени деца, кои ги растеше заедно со Рендал.