Финската премиерка Сана Марин повторно е во фокусот на вниманието на јавноста. Овој пат не поради изградбата на жичена ограда и ѕид на руско-финската граница, туку поради стилот на облекување.
Нејзината фотка во кожена јакна, тексас шорцеви и мартинки чизми додека беше на рок фестивал во Финска е актуелна уште од летото.
Сепак, Сана повторно зрачи со елеганција, овојпат во есенски тон на црни чизми до колена без потпетици, црни хеланки, црни кожни ракавици, црно палто и кожен ранец на грбот, со што финската премиерка привлече внимание.
Додека сите го фалат сексапилниот и елегантен стил на финската премиерка, на Балканот почнаа да фрлаат со дрвја и камења по Сана Марин и стилот врз база на „синџири и катанци“, алудирајќи на садо-мазо стил, некои дури ја споредија и со Дарт Вејдер, главниот негативец на филмот „Војна на ѕвездите“.
Сепак, елегантниот стил на облекување на Сана ги привлече сите погледи, дека премиерката на една од членките на ЕУ не мора строго да го почитува кодексот на облекување, туку може да привлече внимание и со елеганција и минимализам.
Sanna Marin, Prima ministra della Finlandia. Che stile. pic.twitter.com/rbNojhXYZO
— Gianluca Lo Nostro (@gianlonostro) October 18, 2022