Само 37 од 78 патници и членови на екипажот на рускиот авион сухој суперџет-100 кој принудно слета и се запали на московскиот аеродром Шереметјево преживеале, соопшти рускиот Истражен комитет.
„Според ажурираните податоци кои ги добиле истражителите, 37 лица преживеаја“, им кажа на новинарите портпаролката на истражниот одбор Светлана Петренко.
Рускиот патнички авион од типот „Сукхои Суперјет 100“ на водухопловната компоанија „Аерофлот“ со 73 патници и пет членови на екипажот полетал од Москва кон Муирманск, но по набрзо по полетувањетпо побарал одобрување на процедурата за итно слетување. Поради лошите временски услови на аеродромот „Шереметјево“, екипажот успаел принудно да го спушти авионот од вториот обид. Кога слетал избувнал голем пожар на моторите. Првичните информации говореа дека авионот бил погоден од гром, како што изјавуваат патници, но досега нема потврда за удар на молња како можна причина за трагедијата.
Видео с камер Шереметьево: "Суперджет" на большой скорости ударяется о полосу, подскакивает, после чего бьётся ещё раз и загорается. pic.twitter.com/zAncjmzBg5
— baza (@bazabazon) May 5, 2019