Холивудската глумица Камерон Диаз (47) на стартот на 2020 стана мајка на ќерката Редикс во брак со рокерот Бенџи Мадем (40). Претходно, со месеци се шпекулираше дека Камерон е бремена, но се помина во тајност, дури и самото породување, бидејќи таа и нејзиниот сопруг не сакаа да потврдат ниту да демантираат се до почетокот на јануари кога објави дека стана мајка.
Само две недели после породувањето глумицата е фотографирана во џемпер и фармерки додека излегува од куќата на нејзините пријатели каде што била на посета, а во рацете носела очила, мобилен телефон и торба. Иако изгледа помалку уморено и исцрпено, се приметува нејзината совршена линија која успеа да ја врати само по две недели откако стана мајка.