Хрватската пејачка Јелена Розга карантинот поради пандемијата од коронавирусот ќе го памети по уште една неубава работа. Имено, додека беше во родниот Сплит за време на својата корона изолација, била прогонувана од еден опседнат обожавател. Човекот постојано ја следел пејачката, која од страв постојано се се вртела да провери дали има некој позади неа.
– Ми беше страв дури и преку ден… Морав да излезам за да го прошетам кучето, не ми беше сеедно. Само што ќе се свртев – тој. Воопшто не ми беше сеедно. Па, кој сака да живее во страв, да трча кон лифтот и слично? Грозно чувство! – раскажала пејачката за познатата емисија „Ексклузив“ на РТЛ , без да наведе дали се работи за истата личност која веќе со години ја прогонува.
Се работи за извесен Синиша, кој живее и работи на релација Хрватска-земјите од Западна Европа, но ја следи во чекор, доаѓајќи буквално на секој нејзин настап, каде таа и да пее. Опседнат со Розга, тој и праќал букети цвеќиња, скапи подароци, се обидел дури и да ја побара за жена.
Инаку, Розга откри и дека во моментов единствен маж во нејзиниот живот е осумгодишното куче Ринго.
„Тој е многу љубоморен на моите фанови. Ги сака жените, но не и мажите“ – се пошегува таа.