Само Стојанче Стоилов заразен со корона, останатите вардарци негативни

by Тони Зографски

Стојанче Стоилов е единствениот со позитивен тест на коронавирусот во таборот на ракометниот клуб Вардар, откако синоќа биле добиени резултатите од тестирањето на останатите во црвено-црниот тим, а кои во целост биле – негативни.

За кружниот напаѓач утринава се дозна дека „закачил“ Ковид-19, по што веднаш заминал во изолација, а добрата вест за тренерот Стевче Алушовски е што тој ќе биде единствениот на кого нема да може да смета за претстојниот реван-меч од четвртфиналето во СЕХА-лигата против Нексе, закажан за претстојниот викенд.

Стоилов нема симптоми и се очекува за десетина дена да им се врати на обврските на теренот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com