Неколку дена по големата трагедија, во јавноста се огласи и сопругата на Коби, Ванеса. Таа во хеликоптерската несреќа го загуби својот сопруг и својата 13-годишна ќерка.
Ванеса на својот „Инстаграм“ профил се збогува со свои најмили…
„Моите девојки и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои ни дадоа поддршка и љубов во овие тешки времиња. Ви благодариме на сите за молитвите. Дефинитивно ни се потребни.
Целосно сме уништени од ненадејната загуба на мојот прекрасен сопруг, Коби – прекрасниот татко на нашите деца; и мојата убава слатка Џиана – прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри. Жалиме и за семејствата кои ги изгубија нивните сакани во неделата и ја чувствуваме нивната тага.
Не постојат зборови што ќе ја опишат нашата болка. Се тешам со помислата дека Коби и Џиџи знаеја дека се многу сакани. Бевме многу благословени што ги имавме во нашите животи. Посакувам да беа овде со нас засекогаш. Тие беа нашиот убав благослов што ни беше одземен прерано.
Не знам што нè очекува после денес и невозможно е да се замисли животот без нив. Но, се будиме секој ден, обидувајќи се да продолжиме понатаму, бидејќи Коби и нашето девојче Џиџи ни го осветлуваат патот. Нашата љубов за нив е бескрајна.
Само сакам да можев да ги прегрнам, да ги бакнам и да ги благословам. Да ги имаме овде со нас, засекогаш.“, напиша Ванеса.
https://www.instagram.com/p/B77K8XWDY7O/?utm_source=ig_web_button_share_sheet