Братот на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, Џихан и партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, Милица во Белград отворија болница. „Bio cell hospital“ е една од најмодерните во Србија – пишува весникот „Данас“ .
-Само што ја отворивме оваа болница, секако дека ќе ја прошириме, но ништо конкретно не таргетиравме и не можеме сега. Можеби сум премногу амбициозен, но не ги гледам само Белград, Србија, Црна Гора или регионот како пазар, туку многу пошироко. Инаку, ги забавивме сите други активности бидејќи вработивме 76 лица одеднаш, планираме да вработиме повеќе од 130 до крајот на годината-изјави Абазовиќ.