Британскиот пејач Роби Вилијамс пред неколку дена стана татко по четврти пат, а бебето кое го крсти Бо Бенедикт Ентовен на свет го донесе сурогат мајка.
„Бо Бенедикт Ентовен Вилијамс, исто како и Коко е биолошки наше дете, но го роди истата неверојатна сурогат мајка“, напиша сопругата на Роби, Ајда Филд на Инстаграм.
Инаку, сопругата на Вилијамс на Инстаграм објави уште две фотки кои привлекоа големо внимание.
Имено, таа постираше слика на која Роби позира гол во спалната соба, а Ајда го сликала без тој да види.
„Подобар си како врата отколку како прозорец… Инаку, убава врата“, напиша Ајда.
Исто така таа објави и снимка на која Роби го држи во раце штотуку родениот син.
https://www.instagram.com/p/B8-H9wrHTji/?utm_source=ig_web_button_share_sheet