Ресторан со традиционална кинеска храна во кој келнерите служат топлес стана хит во Кина и предизвика жестока онлајн дебата.
Во ресторанот „Лајан“ во еден од најстарите кинески градови Сијан работат мускулести машки модели, кои се облечени само во панталони и престилка. Бодибилдерите привлекуваат многу гости, особено жени, кои постоjано се фотографираат со нив, па дури ги канат да им се придружат на масите.
Повеќето од реакциите на социјалните мрежи се позитивни, но во анкетата на весник од Шангај повеќе од половина од 2.850 испитаници рекле дека е навредливо.
„Ако на мажите им е дозволено да гледаат женски модели во долна облека, зошто и жените да не можат слободно да го прават истото. Сѐ додека не се нудат сексуални услуги и не се кршат закони, не е недостоинствено“, вели една гостинка во ресторанот.
Сопственикот Ма Ју вели дека се работи само за тоа гостите да си поминуваат убаво.
„Се надевам дека визуелно уживаат и дека целиот ресторан носи позитивно искуство за муштериите“, вели тој.