Навивачите на Реал Мадрид, главно женскиот дел воодушевено ја погледнале објавата на Рамос на социјалните мрежи. Стоперот и капитенот на Реал, Серхио Рамос со своите следбеници споделил фотографија со двајца соиграчи, Лукас Васкез и Лука Модриќ како во долна облека позираат, а тоа дефанзивецот на Реал го опишал како „закрепнување“.
Фотографијата за три дена доби над еден милион лајкови, но се издвои коментарот на некогашниот играч на Реал, Матео Ковачиќ,
„Мајко мила“ – напиша Ковачиќ кој во приватниот живот е пријател со Рамос.