Водителката на некогашниот естраден магазин „Бекстејџ“, моделот Мартина Михајловска кон крајот на месец април се оствари во улога на мајка. Мартина и нејзиниот сопруг Виктор Илоски станаа родители на нивната ќерка Алана.
Нејзината витка линија не е проблем ни по породувањето, а за тоа сведочат фотографиите на социјалните мрежи. Мартина изгледа одлично, односно е во топ форма.
Манекената и охридскиот бизнисмен се во брак од минатото лето, а вешто ја криеа бременоста на Мартина.