Голем број Руси, според објавените видеа на социјалните мрежи, ги оставаат возилата и се упатуваат пеш кон границата. Многумина, според извештаите, ноќта ја поминале на самата граница.
„Не сакавме да бидеме дел од војната“, велат тие.
„Nexta“ објави видео од руско-грузиската граница на кое се гледаат стотици Руси кои стојат во ред и чекаат да ја поминат границата.
До границата пешачат по 25 километри. Меѓу бегалците има и семејства со мали деца.
Според медиумите, досега во Грузија побегнале 194.000 Руси.
This is what the Upper Lars border crossing with #Georgia looks like now. pic.twitter.com/oViv9QePqV
— NEXTA (@nexta_tv) September 28, 2022