Бритни Спирс откри дека има неизлечиво оштетување на нервите на десната страна од телото.
„Оштетувањето на нервите на десната страна на моето тело е неизлечиво. Само Господ ќе ми помогне. Оштетувањето на нервите се случува кога мозокот не добива доволно кислород – тој буквално почнува да се исклучува“, напиша таа на својот Инстаграм профил.
Таа тврди дека во просек трипати неделно се буди „со потполно вкочанети раце“ и дека се чувствува „како некој да ѝ ја прободува со игли десната страна од телото“.

„Моите слепоочници исто така многу ме болат. Болката е навистина страшна“, додала таа.
Сепак, таа верува дека комуникацијата со обожавателите преку Инстаграм ѝ помага да заборави на лошото здравје.
„Не чувствувам болка додека се снимам како танцувам. За момент повторно станувам дете“, изјавила таа.
Пејачката веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста со фотографии на кои позира гола.
Нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн тврди дека неговите синови не сакаат да ја гледаат поради ваквото однесување.