Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го осуди рускиот напад врз Украина.
Говорејќи на собирот на неговите поддржувачи, Трамп рече дека тоа е „страшен чин што никогаш не требаше да се случи“.
Тој потсети и дека „за време на претседателствувањето на Буш помладиот Русија ја нападна Грузија“.
„Во времето на Обама тие го презедоа Крим. Во времето на Бајден ја нападнаа Украина. Останувам единствениот претседател во 21 век за време на чие владеење Русија не нападна ниту една земја“.
Трамп дополнително ја обвини администрацијата на Бајден за одлуката на Русија да го нападне својот сосед, напад што Путин го оправдува со нагласување дека со Украина управуваат „наркомани и неонацистички лидери“.
„Под наше водство, светот беше мирно место бидејќи Америка беше силна, а перцепцијата за нашата земја беше како никогаш досега: моќна, лукава и паметна. Сега сме глупава земја“, рече Трамп.
Руската инвазија на Украина ја нарече злосторство и истакна дека има емпатија за Украинците. Тој рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е храбар човек, бидејќи останал во Киев.
„Нападот на Русија врз Украина е застрашувачки. Се молиме за гордиот народ на Украина, Господ нека ги благослови“, рече Трамп.