По бурниот месец поради разделбата со Тревис Скот, Кајли Џенер замина на одмор на Карибите.
25-годишната богаташка беше забележана потполно сама, на плажа на Туркс и Кајкос.
Кајли, која се чини дека е послаба од кога било, носеше црни бикини што ги истакнуваат нејзините облини, како и минијатурно зелено здолниште.
Пред околу една година Кајли го доби второто дете – синот Ер – а од фотките е очигледно дека веќе се вратила во форма.
Кајли има и уште една ќерка, 5-годишната Сторми, но ниту едно од децата не беше забележано со неа на плажата.
По разладувањето во океанот, Кајли се истушира и сама ја напушти плажата.
Според гласините, Кајли и Тревис Скот повторно се разделиле, откако решија да ѝ дадат втора шанса на врската во 2020 година.
„Кајли и Тревис се смируваат и раскинуваат. Требаше заедно да ги поминат празниците“, сподели извор близок до ријалити ѕвездата.
Но, Кајли ја помина Нова година во Аспен, со сестра ѝ Кендал, без Тревис.