Познатиот гол модел и пејачка од 80-те години, денеска 52-годишната Саманта Фокс ужива во пензионерските денови, но најави дека годинава ќе се врати на музичката сцена.
Саманта Фокс пред да ја започне својата музичка кариера беше гол модел за„Page 3“ рубриката на британскиот таблоид „ The Sun“. Фокс, три години по ред беше прогласувана за „ Page 3 Girl of the Year“, по што одлучи да заплива во музичките води. Нејзиниот сингл „ Touch Me“ се најде на првото место на топ листите во 17 земји, а во Британија се најде на високата трета позиција. Таа порано беше една од ретките која можеше да се пофали со пропорции 90-60-90, а своите атрибути ги истакнуваше во секоја прилика.
Во екот на својата кариера, Фокс се сврши со австралискиот измамник Питер Фрост, но никогаш не застана пред олтарот. Саманта Фокс стана е една од најголемите геј икони во Британија, откако влезе во врска со Мира Стратон.