Сaлма Хаjек важи за една од најубавите актерки во светот. Таа во своето последно интервју откри дека цел живот сакала да глуми во комедии, но во холивудските кругови ја сметале за премногу сексапилна и поради тоа не смеела да добие улога во комедија.
„Цел живот сакав да глумам во комедии, а луѓето не ми даваа комедии“, изјави Хајек за GQ.
Актерката откри дека сè се променило кога го запознала актерот и продуцент Адам Сендлер, кој во 2010 година и дал улога во комедијата „Grown Ups“. После тоа нејзината кариера тргнала во правец на комедии, како што посакувала во деведесеттите.
„Не можев да добијам улога се додека не го запознаев Адам Сендлер, кој ми даде улога во комедија, а јас бев во четириесеттите. Ми рекоа: „Секси си, па не смееш да имаш смисла за хумор“, ракажала Хајек.
Хајек откри и дека повеќе не чувствува дека нејзината сексипилност е единственото нешто што се цени кај неа.
„Во години сум од мојот живот каде што мислам дека мојата сексапилност не е единственото нешто што најмногу се цени кај мене. Но и да беше, немаше повеќе да се грижам, бидејќи имам доволно почит од луѓето кои ми се навистина важни во животот, со кои се чувствувам видена и во други аспекти“, изјави актерката.
Хајек откри дека на почетокот на кариерата била тажна бидејќи секогаш добивала ист тип на улоги, но сега е задовола откако постигнала успеси во неколку различни жанрови во филмски проекти низ годините.