Од моментот кога се прошета на црвениот тепих, градите на Салма Хајек се главна тема на социјалните мрежи и светските медиуми.
Популарната актерка важи за една од најубавите во Холивуд, а освен со актерскиот талент, публиката ја освои и со својата раскошна убавина.
Последните години многу се зборува за нејзините гради, па се шпекулира дали актерката имала пластична операција, што никогаш не сакала да го признае.
На доделувањето на наградите Златен глобус Салма се појави во креација со сребрени детали и циркони, а во преден план беше нејзиното бујно деколте.
Актерката ја доведе линијата до совршенство, но има спротивставени мислења за нејзината фигура.
Некои тврдат дека претерала со операциите, за градите да не и прилегаат на фигурата. Други веруваат дека „нешто чудно се случува со неа и нејзиното тело“.
Во една прилика Хајек упати коментари за нејзините гради, објаснувајќи дека тие се зголемиле како резултат на менопаузата.
„Многу луѓе велеа дека ги зголемив градите и не ги обвинувам. Градите ми беа помали. Како и остатокот од моето тело. Но, тие само продолжија да растат до многу поголема големина. И мојот грб навистина страда од тоа. Малкумина зборуваат за тоа“, рече Салма еднаш.
Во последните години поради оваа промена Салма Хајек важи за актерка со најголеми гради во Холивуд.