Салма Хајек со децении не ја напушта листата на најпосакуваните жени во Холивуд.
Додека многу фатални жени се заменуваат со многу помлади колешки, Салма му одолева на времето, но останува прашањето – како?
По долги години расправа за природноста на нејзиното ненадејно бујно деколте, кое актерката го препиша на менопаузата и напливот на хормони, сега на ред е природноста на лицето на дивата. Па, веќе ги знаете оние познати прашања: „Дали е тоа крема или инекција?“.
Ако треба да ѝ веруваме на Хајек, помошта од естетскиот хирург сè уште не била на менито.
– Без ботокс, без филери. Но, едно признавам – навистина силно ја тегнам косата кога ја врзувам до главоболка. Но, го правам тоа за вас.
Затегнувањето на косата во пределот на слепоочницата на лицето навистина може да предизвика привремен ефект на „мини затегнување“, попознат како „пони фејслифтинг“, а останува прашањето дали ова е единствениот трик на Салма.