Светот вчера беше шокиран од исчезнувањето на авионот во кој се возеше новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала. Официјална потврда за што се случило се уште нема, но со оглед на тоа колку време помина, шансите за добри вести се минимални. Клубовите се огласуваат, а навивачите се простуваат од аргентинскиот напаѓач.
Во медиумите се појави и аудио снимка на која Сала во група испратил порака во која посочил дека авионот се распаѓа
„Здраво мои браќа, како сте луди луѓе? Брат, јас сум мртов. Бев во Нант, правев, работи, и работи, и работи, и работи…Никогаш не престануваше. Сега сум во авион, кој изгледа ќе се распадне. Одам за Кардиф. Утре почнувам попладне, стартувам со нови тренинзи со мојот нов тим. Ќе видиме што ќе се случи. Како сте вие браќа и сестри, сè е во ред? Ако за час и половина нема вести за мене, не знам дали ќе пратат некого да ме бара, бидејќи тешко дека ќе ме најдат. Знаете… Тато, уплашен сум!“, рекол Сала.
Инаку, аргентинскиот фудбалер направи трансфер од Нант во Кардиф за 15 милиони евра, па вчера требаше да се појави на првиот тренинг.