Францускиот весник “Л’Екип“ објави шокантна аудиоснимка со гласот на Емилијано Сала, направена две недели пред авионската несреќа во која загина младиот фудбалер. Сала му ја испратил пораката на еден член на семејството, а во неа вели дека не сака да се пресели во Кардиф.
„Синоќа ми се јави Меиса и ми кажа дека Франк Кита (синот на претседателот на Нант) го известил за моја продажба во Кардиф, кој испратил добра понуда и тие ќе заработат многу пари за мене. Тие дефинитивно сакаат да заминам. Вистина е дека понудата е добра, но мене Кардиф не ме интересира. Не се плашам од предизвици во клуб, кој се бори за опстанок. Туку спротивното, се борам од самиот почеток на кариерата. Но, мислам дека Меиса може да ми најде нешто подобро. Не сакам да одам таму. Но не сакам да разговарам со Валдемар Кита, зашто не сакам да го налутам, а тој ми е одвратен само кога морам да го гледам. Тој само сака да ме продаде за да заработи богатство. Воопшто не ме праша за мое мислење и него го интересираат само пари“, вели Сала во пораката.
Смртта на Емилијано Сала, кој загина на 28 години на 21 јануари кога малиот авион со кој леташе кон неговиот нов ангажман во Кардиф се сруши во Ла Манш поради лоши временски услови, го потресе фудбалскиот свет. По несреќата следеше обемна акција за извлекување на остатоците од авионот и наоѓање на телата на Сала и пилотот на авионот. Акцијата ја финансираа фудбалери од целиот свет.
Le 6 janvier, deux semaines avant sa disparition, Emiliano Sala s'adresse à un de ses proches via WhatsApp. L'attaquant argentin n'a pas encore signé à Cardiff.
Il nous a autorisé à utiliser ce document inédit et troublant. #lequipeENQUETE pic.twitter.com/YqDnXQGvfw
— la chaine L'Équipe (@lachainelequipe) May 22, 2019