Фудбалската звезда на Египет и на премиерлигашот Ливерпул, Мохамед Салах предизвика револт помеѓу екстремните верници во муслиманските земји поради фотосесијата со преубавата бразилска манекенка Алесандра Амброзио.
Тој заедно со Амброзио се најде на насловната страница на списанието GQ , а конзервативните муслимани фотографиите ги прогласија за непристојни.
„3амислете ова да беше жена муслиманка“ и „Како муслиманка се срамам од него“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Алесандра Амброзио е поранешен модел на “Victoria’s Secret“, додека GQ го прогласи Салах за маж на годината.