Фолк пејачката Ирена Спасовска е активна на социјалните мрежи, каде често споделува и провокативни фотографии. Овој пат таа позираше топлес, но градите ги сокри со цвеќиња.
„Среќата е пат, а не судбина. Работи како да не ти требаат пари, сакај како никој да не те повредил, танцувај како кога никој не те гледа“, напиша Спасовска во опис на фотографијата.
Инаку, Ирена Спасовска заедно со уште дваесетина музичари испратија писмо до Владата и се пожалија дека нема настапи и свадби, па затоа немаат ни приходи.
„Време е да се работи и пее. Многу наши колеги од народната и забавната фела живеат само од оваа работа и го чекаат моментот да се донесе конечната одлука за да почнеме да работиме“, рече Ирена на состанокот со колегите кои формира Здружение за поддршка на музичарите.