Андријана Јаневска вчера го прослави 40-тиот роденден. Нашата пејачка и музичарка на својот Фејсбук профил објави црно – бела фотографија на која позира црно фустанче, а во описот на фотографијата таа се заблагодари за честитките и откри дека наполнила 40 години.
– 40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист. Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Да се разбереме, немам ништо против. Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се. Сепак, сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас. И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано. Затоа и денешниот јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам. – напиша Андријана на Фејсбук.