Манекенката, дизајнерка и актерка Џој Кориган (26) се вбројува меѓу најбараните манекенки на дененицата а секој нејзин чекор се следи будно.
Оваа витка русокоса била фотографирана со сестрата Џина додека биле на плажа во Мајами, а и двете изгледаат како модели.
Да ве потсетиме, Џој која работи со дизајнерите како што се Роберто Кавали, Вивиен Вествуд, смета дека откривањето на телото не треба да биде табу:
„Сакам да бидам секси и да ја покажам кожата затоа што навистина напорно работам на себе. Секогаш сум била слободоумна во покажувањето тело. Се трудам секоја фотографија да биде професионална и да го прикаже женското тело во најдобро светло“, изјавила Џој неодамна.
„Секогаш постоеше дел од мене кој сакашее да биде слободен и да му покаже на светот дека можам да бидам секси. Моите родители на почетокот не беа горди на тоа што се фотографирам и го покажувам телото, но сега се горди на својата ќерка“, додала манекенката.