Даг Камерер, водител на телевизијата Ен-Би-Си Вашингтон, внимателно го следел невремето што ги погоди САД во четвртокот.
Кога сфатил дека патеката на торнадото е насочена директно кон неговиот дом, го извадил телефонот и веднаш им се јавил на децата – без разлика што работел прогноза во живо.
„Всушност, сега го следам ова толку внимателно, што ќе помине низ мојата куќа“, рекол метеорологот.
Потоа слушнал што му рекол на синот преку телефон.
„Кент, дали си таму, другар? Еј, сакам веднаш да слезеш во подрумот. Добивме предупредување за торнадо. Сакам да бидам сигурен дека ти и Кали ќе слезете што е можно поскоро“, рекол тој.
Подоцна објаснил дека морал да го направи тоа, бидејќи знаел дека децата во тој момент сигурно си играат, а нивната мајка не била дома.
Подоцна изјави дека неговите деца сега се безбедни, но тоа бил „страшен момент“ за него. Не е познато колку години имаат неговиот син и ќерка.
Ен-Би-Си Вашингтон објавило видео на својот Твитер, шегувајќи се дека метеорологот „работел да ве информира и да бидете безбедни – исто како и неговото семејство“.
#Working4You When a tornado warning sounded last night, Storm Team4 Chief Meteorologist @dougkammerer was working to keep you informed and safe — just like his own family. https://t.co/1iV3XQHB0q pic.twitter.com/xZZrDOWCC6
— NBC4 Washington (@nbcwashington) April 1, 2022