Украинската водителка Анастасија Лугова (28), се здобила со ужасни повреди на главата, откако во воз ја претепал Виталиј Руџко (45), кој сакал и да ја силува пред нејзиниот син, Захар (6).
Несреќната жена едвај успеала да се спаси и да го алармира персоналот на возот, а тие го совладале насилникот и ѝ го предале на полицијата.
Ја тепал за да замолчи
Анастасија за локалните медиуми изјавила дека бруталниот напад се случил додека таа патувала со својот син од Мариупол кон Киев, минатата недела.
„Ја зедовме кабината за спиење и бевме сами во одделот. Среде ноќ, додека спиевме, непознат маж влезе во нашат кабина, само во по долен веш“ – раскажува Анастасија.
Таа додаде дека Руџко веднаш се фрлил врз неа и почнал да ја дави.
„Се разбудив кога ги почувствував неговите раце околу вратот. Почнав да врескам и да повикувам помош, но никој не дојде. Ме тепаше со тупаници по целото лице и низ целата глава за да ме замолчи. Тој ми рече: „Биди добра девојка или ќе биде уште полошо“
Нејзиното врескање го разбудило малото Захар, па Руџко скокнал врз него и почнал да го тепа.
„Почнав да го молам да престане. Му реков дека ќе направам се што бараше од мене само да го остави мојот син“ – вели Анастасија.
Таа му предложила на силувачот да одат на друго место за малиот Захар да не гледа што се случува.
„Тој се согласи и ми нареди да одам во неговиот оддел. Отидов со него, оставајќи го Захар да плаче. Кога влеговме во кабината, чудовиштето почна да ги соблекува гаќите, па во тој момент го турнав и избегав. Се вратив и го грабнав Захар и отрчав кај кондуктерите, кои нè сместија во нивната соба“ – раскажа Анастасија.
Детето има трауми
Руџко, онака завиткан само во чаршав, тргнал низ возот да ја бара Анастасија, но персоналот го нашол и го совладал. Тие го држеле врзан додека да пристигнат до Киев, кадешто полицијата чекала на станицата. Руџко е предаден во полиција, а Анастасија е однесена во болница, каде се уште се опоравува од повредите.
На нејзиниот син Захар му била укажана психолошка помош заради сè што се случило.
„Постојано плаче и повторува: „Мамо, прости ми што не те заштитив“ – вели Анастасија.
Му претстои казна од осум години затвор
Покрената е истрага против Виталиј Руџко, а потоа е поднесено обвинение за напад, при што се нанесени тешки телесни повреди и обид за силување.