Запросувањето на бејзбол натпревар тргна наопаку откако дечкото втрча на стадионот и се спушти на едно колено, а обезбедувањето веднаш скокна и го фрли на земја.
Инцидентот се случил за време на бејзбол натпревар на кој Лос Анџелес Доџерс играле против Аризона Дајмондс, а видеото станало вирално на социјалните мрежи и собрало милиони прегледи.
На видеото се гледа како маж клекнува и покажува кутија со прстен на жена од публиката, а потоа пристигнува обезбедувањето и го фрла на земја. Набрзо пристигнале уште двајца припадници на обезбедувањето.
Tbh all stadium proposals should be neutralized like this pic.twitter.com/T0IPsPfdAB
— Emily Nyman (@EmSheDoesIt) March 31, 2023
„Вака треба да се неутрализираат сите запросувања на стадионите“, се пошегувал твитерџија, а друг напишал: „Се прашувам каков одговор добил“.
„Претпоставувам дека го одбила“, заклучила друга.
Ова не е единственото запросување на натпревар што тргна наопаку. Минатата година, за време на хокеј натпревар, еден романтичар на голите гради ги напишала зборовите „Те молам кажи „Да, да, да“, но девојката го напуштила стадионот.