Германската полиција соопшти дека отворила истрага за убиство против доктор од градот Есен за убиство на двајца тешко болни пациенти заразени со коронавирус, соопштија властите.
Лекарот (44), кој работи во Универзитетската болница во Есен од февруари, е осомничен за убиство на двајца мажи, на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега и биле заразени со коронавирус и имале потешка форма на болеста.
Лекарот признал едно од убиствата велејќи дека сакал да го поштеди пациентот и неговите роднини од понатамошно страдање.
„Билд“ објави дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да им инјектира смртоносна инјекција.
Пациентите во Германија можат да побараат помош за ставање крај на сопствениот живот врз основа на пресуда донесена минатата година, но сè уште е нејасно дали тоа се случило во овој случај.
Болницата соопшти дека лекарот е суспендиран.