Американскиот турист Бен Тедеско во Виена открил обид за кражба на кредитни картички. Тој забележал чуден изглед на банкомат на еден виенски плоштад. Сомнителен му бил влезот за картичките, бидејќи на неговиот раб се наоѓала маса која асоцира на лепило.
Проверувајќи дали се работи за измама, Тедеско успешно го отстранил лажниот влез за картичките, на кој се наоѓал уред за преземање на податоци од картичките.
Покрај тоа, утврдено било и дека на банкоматот се наоѓа скриена камера вперена во тастатурата, со цел откривање на пин кодовите.
По откритието, Тедеско ја известил австриската полиција, која го истражува случајот.