Атрактивната италијанска старлета Рафаела Фико се отвори во емисијата „Storie di Donne“ и проговори за врската со познати фудбалери како Кристијано Роналдо и Марио Балотели.
Рафаела го запознала Роналдо многу млада, а пред камерите на ТВ РАИ 2 изјави:
-Имав 20 или 21 година, бев на Сардинија на еден настан, го запознав Роналд во таа прилика, тој ми пријде, почна да ми се додворува и разменивме броеви. Така започна оваа мала приказна – рече таа и додаде:
– Не ни знаев кој е. Бев со мојот агент кој рече: „Види кого имаш“. Го прашав кој е, ми објасни дека е еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој беше мојот прв дечко.
Рафаела потоа преминала кај Балотели, со кого има ќерка.
-Балотели го запознав во ноќен клуб, отидов таму со неговата сестра, која ја запознав на „Познатиот остров“. Неговата сестра му го даде мојот број, потоа почнавме да разговараме, излеговме заедно и на крајот на попладнето тој извади букет рози од автомобилот – рече Рафаела и продолжи:
– Не сакаше да биде татко, ми побара ДНК тест. Можеби затоа што беше премногу млад и малку лут, на почетокот не му се допадна да биде татко. Не го обвинувам, му простив сѐ, бидејќи нашата ќерка се роди од нашата врска и таа е моја голема љубов. Имаше предавства, кога бевме заедно ме изневеруваше… Ме изневеруваше во неколку наврати. Му простив затоа што бев многу заљубена… Балотели беше големата љубов на мојот живот.“
Инаку, Рафаела Фико во Италија е позната како актерка, водителка, модел, учесничка во реални шоуа (Големиот брат, Баила, Остров на познатите…), шоу-грл во популарни емисии.
Многумина ја паметат по нејзината изјава во 2009 година кога рече:
– Се согласувам да ја изгубам невиноста со секој што ќе ми понуди милион евра. Не би ги одбила тие пари.
Да потсетиме, Рафаела поминала 11 месеци во љубов со Кристијано Роналдо додека Португалецот играл за Манчестер Јунајтед, а подоцна почна да излегува со Балотели, на кого во 2012 година му роди дете.